Достапни линкови

Протести во Украина


Над 10 илјади демонстранти, меѓу кои воени ветерани и преживени од чернобилската нуклеарна катастрофа денеска протестираат пред украинскиот Парламент поради кратењето на нивните бенефиции. Новинските агенции јавуваат дека имало неколку помали инциденти меѓу демонстрантите и полицијата но главно протестите биле мирни. Предлогот за кој денеска се дискутира во парламетот опфаќа кратење од буџетот наметет за пензии и медициски третмани на ветераните и жртвите од нуклеарната катастрофа.
Украинскиот претседател Виктор Јанукович го промовираше предлог законот со цел намалување на буџетскиот дефицит.
XS
SM
MD
LG