Достапни линкови

logo-print

Крвавите протести во Јемен продолжуваат


Најмалку 6 луѓе загинале денеска во Јемен при насилните демонстрации кои веќе трет ден се оддржуваат во главниот град Сана. И денеска демонстраните се судриле со безбедносните сили кои го поддржуваат претседателот Али Абдулах Салех кој е веќе 33 години на власт. Во изминативе три дена над 60 луѓе загинале во протестите откако безбедносните сили во неделата отвориле оган врз десетици илјади луѓе. Демонстрантите бараат веќе неколку месеци Салех да ја напушти претседателската фунција.
XS
SM
MD
LG