Достапни линкови

АИ: грозен однос на ЕУ спрема либијските бегалци


Организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешнел денеска изрази огорчување поради, како што оцени, ,,грозниот,, однос на Европската унија спрема повеќемесечната криза со бегалците од Либија. АИ ја повика Унијата на итно решавање на ситуацијата, меѓу другото, и со отворање на границите за бегалците од подсахарска Африка. Во соопштението се наведува дека околу 5 илјади бегалци се наоѓаат на границите на Либија од каде што немаат каде да одат. Само осум европски земји се понудија да примат околу 700 бегалци.
XS
SM
MD
LG