Достапни линкови

Интервју - Ричард Ховит


Ричард Ховит.

Ричард Ховит.

Силно би сакал да успее компромисот за името и преговорите да започнат, вели во интервју за РСЕ, известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит.

Г-не Ховит, која е целта на вашата посета?

Јас сум нов на оваа задача, дојдов пред да биде објавен извештајот за напредокот. Апсолутно сум посветен да ја завршам добро работата, што како краен исход значи да и помогнам на земјава да стане членка на ЕУ. Со силна страст ја продолжувам оваа задача. Сериозно разбирам дека ни претстојат големи предизвици, а исто така постојат и потешкотии, но возможно е да се направи напредок поради кој сакам да работам со Владата, со сите политичари, со партиите, со луѓето од бизнисот, со невладините организации, со луѓето во оваа земја, како да му се пристапи на тоа. Немам намера да седам во позадина и да судам, туку ќе бидам вклучен како актер и ќе работам со охрабрување и со дијалог тоа да се случи. Исто така сакам да се поставам на начин кој ќе добие доверба од сите локални актери по периодот на голема парализираност која беше предизвикана од спорот за името во Брисел. Во почетокот на оваа година настапи извесна релаксираност откако процесот беше интензивиран, така што сега ќе почнеме еден процес кој ќе биде објективен, ќе биде фер, ќе содржи критицизам, но конструктивен критицизам од некој кој и е пријател на земјава и јас ќе гледам вашата земја да не биде поназад во однос на другите во регионот.

Дали ќе упатите забелешки какви што во последниов период упатува меѓународната заедница, за реформите, демократијата, слободата на медиумите, независноста на судството?
Ричард Ховит

Јас сум нов известувач и ги прелистав документите на мој начин, поминав низ процес на слушање и учење. Доаѓам од голема земја како што е Британија, која е на страната на проширувањето на ЕУ и има инвестирано во довербата во регионов. Овде мислам дека постои многу добра платформа од која можам да почнам и не е непходно да ги повторувам заклучоците на минатото, ќе донесам мои сопствени. Кога ќе зборувам, ќе зборувам во име на Европскиот Парламент со полна одговорност, по сопствено наоѓање и во име на сите партии членки на Европскиот Парламент. Јас не сум симпатизер на ниедна партија овде во Македонија, јас сум доста близок со европскиот комесар Филе, го почитувам, но јас сум независен од комисијата, и ако не се согласувам со некои од забелешките во извештајот, ќе го кажам тоа. Но, се надевам дека сите овие забелешки кога ќе се соберат заедно ќе го помогнат процесот на согледување каде е направен напредок и процесот на промени, зашто оваа земја очигледно треба да направи уште многу промени што се однесуваат на состојбите со медиумите, судството, кое треба да биде автономно, а не партизирано.

Што очекувате лично од претстојниот извештај на ЕК?

Не сум медијатор и не е моја работа да го решам тоа прашање, но силно би сакал да успее компромисот и преговорите да започнат. Во таа насока дури би употребил и некои лични контакти за да го промовирам тој дух на компромисот.

Очекувам напредок. И во име на Европскиот парламент секако. Секако власта пред и по изборите се подготви во националната програма заедно со ЕУ која бара промени во голем број области кои треба да обезбедат почеток на преговорите и на крајот да бидат затворени како успешни за вашата земја да влезе во ЕУ. Јас како известувач се надевам дека ќе го видам тој прогрес. Но, секако ќе се појават одредени потешкотии во одредени области за кои е потребно особено внимание Ако земјата направи прогрес јас ве уверувам дека ќе помогнам и ќе бидам ваш гарант и ќе ги пренесам сите пораки во Брисел за да може тоа да биде разбрано. Јас сакам позитивно да ги охрабрам промените. И немам намера да критизирам.

Дали очекувате новини во насока на нашите европски и евроатлантски интеграции?

Очекувам напредок. Преговорите треба да почнат, ако ЕК две години по ред препорачува отпочнување преговори сосема е разбирливо што оваа земја го очекува почетокот на преговорите. И кога јас ќе ги земам предвид другите земји што се приклучија кон НАТО, и кога ќе ги видам причините поради кои се примени во НАТО, не гледам зошто Скопје не би било примено. Не сум наивен по ова прашање, ние ги разбираме причините зошто не се случи тоа. Мислам дека Европскиот комесар не можеше појасно да каже во последната посета овде, јас бев тука кога ја пренесе позитивната препорака од Комисијата за отпочнување преговори и кога рече дека таа не е еднаш засекогаш дадена и не е неизбежна и дека неуспехот да се дојде до компромис беше пречка тој чекор да се случи. Јас сум сигурен дека неговата препорака и по прашањето на името се слушна јасно во земјава. Јас не сум медијатор и не е моја работа да го решам тоа прашање, но силно би сакал да успее компромисот и преговорите да започнат. Во таа насока дури би употребил и некои лични контакти за да го промовирам тој дух на компромисот и кога би се постигнал, а се надевам дека ќе се постигне, јас би помогнал да се промовира тој компромис во земјава и што е уште поважно во Брисел.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG