Достапни линкови

Демонстрантите во Јемен завзеле воена база


Демонстранти поддржани од војници кои преминале на страна на опозицијата во Јемен завзеле една база на елитната Републиканска гарда во главниот град Сана. Според новинските агенции, илјадници демонстранти и дезертери тоа го сториле без истрелан куршум, а гардистите избегале оставајќи го нивното оружје. До ова дојде откако безбедносните сили и провладини снајперисти во изминативе два дена убиле над 50 демонстранти. Во Јемен веќе осум месеци траат протестите против 33 годишното владеење на претседателот Али Абдула Салех.
XS
SM
MD
LG