Достапни линкови

Грција: можен референдум за членството во еврозоната


Атина

Атина

Грција може да организира референдум за членството во еврозоната на кој избирачите ќе се изјаснат дали земјата треба да се бори со должничката криза внатре во еврозоната или треба да се откаже од заедничката европска валута, пишува грчкиот весник „Катимерини,,. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу кој претходно бил против секаков референдум, според весникот, сега сметал дека таквото гласање може да и обезбеди нов мандат на неговата социјалистичка Влада, со цел да продолжи со спроведување на планот за штедење договорен со странските кредитори на земјата.
XS
SM
MD
LG