Достапни линкови

Дипломатска активност во ОН за палестинското прашање


Махмуд Абас

Махмуд Абас

Во Њујорк се интензивира активноста на дипломатите кои се обидуваат да спречат меѓународна конфронтација околу барањето Палестина да стане членка на Обединетите нации. Претседателот на палестинската власт Махмуд Абас е подготвен в петок да го предаде официјалното барање за тоа, на што се противи Израел, како и Соединетите држави кои сметаат дека Палестинска држава е можна само преку дијалог меѓу палестинците и израелците. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека е подготвен да се сретне со Махмуд Абас во Њујорк со цел да ги обноват директните мировни преговори.
XS
SM
MD
LG