Достапни линкови

Кина, трговски партнер на Косово


Кина станува главен трговски партнер на Косово, бидејќи месечниот извоз на стока достигнува милионска вредност. Според косовските медиуми, Косово во Кина многу повеќе извезува стока отколку во Црна Гора и Швајцарија. Косовскиот Инситут за статистика потврди дека во јули од Косово за Кина е извезена стока вредна над 2,3 милиони евра, од вкупно 29,3 милиони колку што изнесувал вкупниот извоз на земјата во истиот месец. Од вкупниот извоз, 20 отсто отпаѓа на извоз за Италија, 12,2 процента за Албанија, 9,7 отсто за Македонија, 7,9 проценти за Кина, 5,5 отсто за Швајцарија и 5,1 процент за Црна Гора.
XS
SM
MD
LG