Достапни линкови

Јукос бара оштета во Стразбур


Михаил Ходорковски

Михаил Ходорковски

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска се очекува да расправа за барањето на руската нафтена компанија Јукос која тврди дека руската влада ја оштетила фирмата за 98 милијарди долари. Од своето осоновање пред половина век, судот во Стразбур немал такво високо барање за оштета. Адвокатите на Јукос велат дека руската владата и Владимир Путин плански настојувале да ја уништат фирмата која годишно произведувала нафата колку и Либија. Тогашниот генерален директор и сопственик на компанијата Михаил Ходорковски, кој е осуден на 14 години затвор беше најбогат човек во земјата и се сметаше за политички опонент на Путин. За барањето на Јукос, зад затворена врата, ќе расправа Совет од девет судии.
XS
SM
MD
LG