Достапни линкови

САД бараат подобрување на односите Израел-Турција


САД ја повикаа Турција да ги подобри односите со Израел, соопштуваат западните новински агенции. Државниот секретар на САД, Хилари Клинтон го побарала тоа од турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу на маргините на годишниот состанок на Генерално собрание на ОН во Њујорк. Клинтон го предупредила Давутоглу да се избегнуваат сите акции кои дополнително ќе ги затегнат односите меѓу Турција и Израел, кои се сојузници на САД.

Односите меѓу Турција и Израел се влошија во 2010 година по нападот на турскиот брод, дел од флотилата која носеше помош за појасот Газа. При нападот од страна на израелските сили загинаа деветмина турски активисти. По нападот, Анкара го протера израелскиот амбасадор и ја замрзна воената соработка со Израел.
XS
SM
MD
LG