Достапни линкови

Саркози и Назарбаев за подобри односи Казахстан-ЕУ


Францускиот претседател Никола Саркози и претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев.

Францускиот претседател Никола Саркози и претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев.

Францускиот претседател Никола Саркози и претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев на средбата во Париз разговарале за подобрување на односите меѓу Европската унија и поранешната советска република. Во заедничкото сопштение по средбата се наведува дека во најкраток период треба да се подобрат врските меѓу Казахстан и ЕУ.

Односите меѓу Париз и Астана се заладија минатата година, кога Саркози не отиде на самитот на ОБСЕ, организиран од Казахстан.

Назарбаев на почетокот на оваа година со околу 95 проценти
од гласовите беше реизбран за претседател. Набљудувачите на ОБСЕ соопштија дека земјата успеала да ги почитува демократските стандарди.
XS
SM
MD
LG