Достапни линкови

Уште четири недели самица за Бреивик


Андрес Бреивик.

Андрес Бреивик.

Судот во Осло одлучи, осомничениот за нападите во Норвешка, Андрес Бреивик, да остане во самица уште четири недели до средината на ноември. Судијата одговорен за случајот вели дека ваквата одлука ја донеле за да се спречи осомничениот да добие увид во текот на истрагата, да уништува докази, или да контактира со можните соработници. Земајќи ги предвид сите ризици, Судот одлучил дека самицата е неопходна и оправдана во случајот на осомничениот Бреивик. Тој призна дека ги извршил двата напади во јули, оној во Осло при што загинаа 8 луѓе и нападот на островот Утоја каде загинаа 69 луѓе.
XS
SM
MD
LG