Достапни линкови

Либиските бунтовници ја напаѓаат Саба


Родниот град на Гадафи, Сирт, под бунтовнички оган.

Родниот град на Гадафи, Сирт, под бунтовнички оган.

Привремената власт во Либија соопшти дека силите кои се борат против Гадафи успеале да заземат уште две позиции во близина на градот Саба. Од Националниот преоден совет велат дека аеродромот и замокот во градот биле ослободени. Од таму велат дека целиот град ќе биде ослободен во рок од два дена. Саба е најголемиот либискиот град во пустината Сахара и од таму се контролира патот кој води на југ, до Нигер.

Претседателот на Преодниот совет, Абдул Џалил, денеска треба да се сретне со американскиот претседател Барак Обама на маргините на 66 заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Борците лојални на Моамер Гадафи пружаат отпор во Бани Валид и во родното место на Гадафи, Сирт. Се уште не е познато каде се крие Гадафи.
XS
SM
MD
LG