Достапни линкови

Турскиот претседател во посета на Германија


Турскиот претседател Абдула Ѓул.

Турскиот претседател Абдула Ѓул.

Турскиот претседател Абдула Ѓул денеска треба да разговара со германската канцеларка Ангела Меркел за време на посетата на Германија.

Ѓул вчера беше принуден да го одложи планираниот говор на берлинскиот Хумболт Универзитет по анонимната закана за бомба. Полицијата ја пребарала салата каде требало да се одржи говорот, но не нашле бомба. Откако бил извршен претсесот, Ѓул го одржал својот говор.

Пред Универзитетот имало насобрано Курди кои протестирале со барање да се ослободи Абдула Оџалан, водачот на Курдската работничка партија.
XS
SM
MD
LG