Достапни линкови

Несогласувања меѓу САД и Русија за Сирија


Шефовите на дипломатиите на САД и Русија, Сергеј Лавров и Хилари Клинтон на прес-конференција во Вашингтон на 13 јули 2011 година.

Шефовите на дипломатиите на САД и Русија, Сергеј Лавров и Хилари Клинтон на прес-конференција во Вашингтон на 13 јули 2011 година.

Американски фунцкионери соопштуваат дека САД и Русија не се согласуваат за начинот на кој меѓународната заедница треба да реагира во однос на крвавото задушување на антивладините протести во Сирија. За ситуацијата во Сирија разговарале шефовите на дипломатиите на двете земји, Хилари Клинтон и Сергеј Лавров, на маргините на 66 заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

САД бараат остра осуда за режимот во Сирија. Тие претходно се изјаснија дека претседателот Башар Ал Асад треба да ја напушти власта.

Русија, пак, се залага, немирите во Сирија да се надминат со дијалог меѓу власта и опозицијата.
XS
SM
MD
LG