Достапни линкови

Обама го презентираше предлог законот за намалување на дефицитот


Американскиот претседател Барак Обама денеска го презентираше својот предлог закон за намалување на дефицитот . На прес конференцијата во Белата Куќа Обама изјави дека е подготвен да работи и со Демократите и Републиканците за реформи во даночниот систем кој е нефер за дел од Aмериканците. Тој додаде дека е потребно да се скратат сите ставки од буџетот кои земјата не може да си дозволи да ги плати за да може да се плати она што е и неопходно.
Со планот на Обама дефицитот ќе треба да се намали за 3 билиони долари во тек на една деценија.
Тој изрази подготеност да се прегледа законот од 10 илјади страници, точка по точка за да се направат правилни кратења кои нема да наштетат на виталните опшетсвени сектори како што се образованието и здравството. Обама додаде дека е потребно богатите Американци да си го платат својот фер дел, затоа што како што вели не е фер еден бизнисмен кој заработува 15 милиони долари годишно да плаќа помала стапка за данок од една учителка кој заработува 15 илјади долари годишно и плаќа 15 отсто данок.
Обама во својот говор изјави дека е потребно да се промени даночната политика зато ашто одредени компании имаат преголеми бенефиции со што земјата станува неконкурентна.
XS
SM
MD
LG