Достапни линкови

logo-print

Косовските власти се сретнаа со Бан Ки Мун


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска пред косовски официјални лица изјави дека косовските институции треба да ја координираат својата активност со меѓународните мисии КФОР и ЕУЛЕКС во враќањето на мирот во северниот дел на Косово пренесуваат новинските агенции. Косовските власти соопштија дека претседателката Атифете Јајага и премиерот Хашим Тачи синоќа се сретнаа со Бан Ки Mун во Њујорк и побараa помош во реализирањето на мерките на властите во Приштина во северниот дел на Косово. Бан Ки Мун изјавил дека треба да се воспостави ред и стабилност во овој дел на Косово, а отворените прашања меѓу Белград и Приштина треба да се решаваат преку дијалог, а планот на Марти Ахтисаари предлага најдобри можности за српската заедница. Јајага по средбата изјавила дека е против поделбата на Косово, посочувајќи дека специјален статус за северниот дел на Косово би го поткопал планот на Ахтисари, уставот и други закони и не би ја гарантирал интеграцијата, туку разграничувањето.
XS
SM
MD
LG