Достапни линкови

Кипар почна со истражувањата и покрај заканите од Турција


Американската компанија „Нобел енерџи“ почнала истражувања за нафта и гас по крајбрежјето на островот Кипар, изјави Солон Касинис, директор на кипарската служба за енергетика.
Според Касинис, истражувањата почнале синоќа на платформата „Афродита“ во исклучителна економска зона на Кипари покрај противењето на Турција. Претходно турскиот министер за енергија Танер Јилдиз денеска изјави дека доколку Кипар ги спроведе своите планови да почне со подморските истражувања во Медитеранот, тоа ќе го направи и Турција истата недела, под заштита на своите воени бродови.
XS
SM
MD
LG