Достапни линкови

Ѓул: Турција може многу да придонесе за Европа


Турскиот претседател Абдула Ѓул денеска во Берлин се сретнал со неговиот германски колега Кристијан Вулф. По средбата Ѓул изјави дека Турција може многу да придонесе за Европа. Турција веќе неколку години е кандидат за членство во Европската Унија и германскaта канцеларка Ангела Меркел неодамна изјави дека треба на Турција да и се даде привилигирано партнерство наместо целосно членство. Се очекува Ѓул и Меркел да се сретнат утре. Ѓул ќе разговара со германските лидери и за проблемите на турското население што живее во Германија.
XS
SM
MD
LG