Достапни линкови

logo-print

Ламбринидис на средби со Нимиц и Бан Ки Мун


Грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис синоќа во Њујорк се сретна со медијаторот во спорот со името Метју Нимиц. Грчките медиуми јавуваат дека Нимиц не планира наскоро да ги посети Атина и Скопје. Според извештаите на грчките медиуми Нимиц по средбата изјавил дека со Лабринидис размениле мислења за текот на преговорите и за потребата од постигнување напредок. Претходно Ламбринидис се сретнал и со генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун. Ламбринидис изјавил дека желба на Грција е другата страна да покаже мудрост и сериозност ако сака да има евроатланска перспектива и позитивни односи меѓу двата народа. Тој додаде дека Грција e подготвена за изнаоѓање решение кое, според него, би требало да биде име со географска одредница за севкупна употреба.
XS
SM
MD
LG