Достапни линкови

Турција продолжува да се заканува во Медитеранот


Турција продолжува да се заканува за потрагата на Кипар по нафта во морето. Турскиот министер за енергија Танер Јилдиз денеска изјави дека доколку Кипар ги спроведе своите планови да почне со подморските истражувања во Медитеранот, тоа ќе го направи и Турција истата недела, под заштита на своите воени бродови.Тој додава дека турската морнарица „очигледно “ ќе биде закана за истражувачките екипи кои ќе бидат во потрага по нафта и гас на дното на Средоземното море. Претходно Анката најави дека ќе распореди воени бродови во Медитеранот поради заострените односи со Израел.
XS
SM
MD
LG