Достапни линкови

logo-print

Протести во Јапонија против работата на нуклеарните централи


Десетици илјади демонстранти протестираат денеска во Токио. Тие бараат да се запре работата на нуклеарните централи во Јапонија, шест месеци по големата нуклеарна катастрофа. Организаторите соопштија дека на протестите учествуваат 60 илјади луѓе. Нуклеарната централа Фукушима беше оштетена при земјотресот и цунамито кои ја погодија Јапонија на 11 март 2011 година. Десетици илјади луѓе беа евакуирани од своите домови поради стравувања од контаминација. Јапонија има вкупно 54 нуклеарни реaктори од кои само 11 се фунционални.
XS
SM
MD
LG