Достапни линкови

Реџепи - остранувањето на барикадите е работа на КФОР


Министерот за внатрешни работи на Косово, Бајрам Реџепи изјави дека отстранувањето на барикадите на патиштата кои водат кон граничните премини Јариње и Брњак не е во надлежност на косовските институции туку на КФОР и на ЕУЛЕКС.
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун пак им порача на косовските власти да ги координираат своите активности со КФОР и ЕУЛЕКС.
Косовскиот претседател Атифет Јахјага, премиерот Хашим Тачи и министерот за внатрешни работи Енвер Хоџај синоќа се сретнаа со Бан Ки-мун во Њујорк и побараа помош во спроведувањето на мерките на властите во Приштина во северниот дел на Косово.
XS
SM
MD
LG