Достапни линкови

logo-print

Протести против новите даноци во Атина


, 11Jul2011

, 11Jul2011

Неколку илјади лица протестираа синоќа пред зградата на грчкиот Парламент во Атина поради воведување вонреден данок на недвижниот имот.
Како што јавија грчките медиуми, учесниците на протестите најавија дека ќе го бојкотираат плаќањето на новиот данок.
Овој данок се воведува во рамките на економските мерки на Владата во Атина, чија цел е избегнување на банкрот на Грција како последица на огромниот државен долг.
Спроведувањето на економските мерки е услов за добивање нова помош од ЕУ и Меѓународниот монетраен фонд.
Во грчките весници беше објавено заедничко отворено писмо на ЕУ, ММФ и Европската централна банка во кое се образложуваат економските мерки што треба да ги спроведе Грција, меѓу кои се и намалување на вработените во државните установи и претпријатија, зголемување на даноците на горивата и затворање на некои телевизиски канали.
XS
SM
MD
LG