Достапни линкови

Либија не доби нова Влада, продолжуваат борбите со силите на Гадафи


Борби за Сирт

Борби за Сирт

Привремата власт во Либија соопшти дека не се во можност да се договорат за составот на новиот Кабинет. Премиерот на Националениот преоден Совет, Махмуд Џабрил , кој требаше да го промовира новиот кабинет вчера, изјави дека се уште траат разговорите околу тоа кој треба да биде на клучните места во новата Влада. Во меѓувреме војниците лојални на соборениот либиски лидер Моамер Гадафи вчера започнале нови напади околу Бени Валид. Извештаите покажуваат дека силите на Гадафи ги напаѓаат либиските бунтовници кои се обидуваат да го заземат Бени Валид, кој се наоѓа на 140 километри југоисточно од главниот град Триполи. Бунтовниците прават и бавен напредок кон другото упориште на силите на Гадафи, Сирт, родниот град на Гадафи.
Но и покрај тоа портпаролот на армијата на Националниот преоден Совет вели дека е прашање на време кога силите на Гадафи ќе бидат поразени во Сирт и Бени Валид.
XS
SM
MD
LG