Достапни линкови

Строс Кан жали за „врската“ со собарката


Доминик Строс –Кан

Доминик Строс –Кан

Доминик Строс –Кан ја опиша својата врска со собарката од хотелот во Њујорк како „ несоодветна “ и „неморална“, но ги негираше нејзините тврдења дека ја силувал. Тој во своето прво телевизиско интервју откако во август беше отфрлена кривичната пријава против него изјави дека секогаш ќе жали за неговото однесување.
Строс Кан, поднесе оставка како шеф на ММФ во мај годинава откако беше приведен за силување.
Се очекуваше тој да биде главен фаворит на претседателските избори во Франција следната година, но Строс Кан ја отфрли можноста за учество на изборите, велејќи дека тој ја „пропуштил средбата“ со францускиот народ.
XS
SM
MD
LG