Достапни линкови

Земјотрес во Непал и северна Индија, најмалку 11 жртви


Најмалку 11 луѓе загинале а десетици се повредени во земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтер, кој ги погоди Непал и северниот дел на Индија.
Полицијата во Непал соопшти дека пет луѓе загинале кога се урнал зидот на британската амбасада во главниот град на Катманду. Индиски официјални лица соопштуваат дека најмалку шест луѓе загинале во државите Сиким и Бихар. Во Сиким земјотресот предизвикал прекин на телефонските линии и на електричната енергија, многу згради били урнати а патиштата уништени.
Земјотресот бил почувствуван во целиот регион, вклучувајќи ги и Бутан, Бангладеш, и индискиот главен град Њу Делхи.
XS
SM
MD
LG