Достапни линкови

САД -Пакистан да помогне во борбата против милитантите


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и министерката за надворешни работи на Пакистан Хина Рабани Кар

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и министерката за надворешни работи на Пакистан Хина Рабани Кар

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон разговарала со министерката за надворешни работи на Пакистан Хина Рабани Кар за борбата против исламистичките милитанти, соопштуваат американсите власти. Тие се сретнале во Њујорк пред одржувањето на Генералното собрание на ОН. Клинтон и пренела на пакистанската колешка дека Пакистан мора да им помогне на САД во борбата против терористичката мрежа Хагани, која е обвинета за минатонедлените напади на Амбасадата на САД и седиштето на НАТО во авганистанскиот главен град Кабул.
Кар се согласила дека Хагани претставуваат закана и за Пакистанците, како и за Американците.
Во саботата, американскиот амбасадор во Пакистан, Камерон Мунтер изјави дека Владата во Пакистан има врски со Хагани кои се сојузнци на Талибанците.
XS
SM
MD
LG