Достапни линкови

Палестинското барање тест за Западните земји


На годинашното Генерално Собрание на ОН, Палестинците очекуваат да биде признаена палестинската државност.

Со години, палестинските дипломати тивко лобираат во држави да ја признаат Палестина како независна држава. Нивниот труд вроди со плод. Досега повеќе од 120 земји во светот ја признаа.
Прашањето тука е, дали ќе ги добијат големите демократии? Тоа е прашањето. САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, ЕУ - за нив станува збор. Ако освојат мнозинство, но ги изгубат најпрестижните демократски земји, тоа на одреден начин, ќе биде пораз за нив.

Неделава на Генералното собрание на ОН, во рамките на 66-тата седница Палестинците очекуваат дека нивната државност ќе биде признаена и дека ќе станат полноправна членка на светската организација.

Речиси е сигирно дека нивното барање ќе ја предизвика најжешката дебата до сега. Веројатно е дека Палестинците ќе добијат поддршка од двотретинското мнозинство во Генералното собрание, односно дека ќе ги поддржат 129 од 193 земји членки.

Палестинците може да очекуваат целосна поддршка од земјите од Африка, Азија, Латинска Америка и секако од арапските земји.
Совет за безбедност на Обединатите Нации
x
Совет за безбедност на Обединатите Нации

Додека земјите членки на Обединетите Нации ќе одлучуваат дали да гласаат „за“, барањето за полноправно членство мора да го одобри Советот за Безбедност.

Соединетите Држави веќе најавија дека ќе стават вето на тоа барање во име на поддршката на својот сојузник Изреал. Еврејската држава се противи на палестинското барање, тврдејќи дека го прекршува договорот потпишан во Осло во 1993 година.

Најголемата дилема на ова собрание ќе ја имаат западните земји кои треба да одлучат дали поддршката на нивниот најголем сојузник Вашингтон е вредна во однос на политичката штета што може да му се нанесе на Блискиот Исток.

Западните земји се значајни за палестинската кауза затоа што, иако не може да го сменат и да влијаат врз ветото на САД, сепак со поддршката што евентуално би им ја пружиле на Палестинците ќе му дадат тежина на нивното барање што никој нема да може да ја игнорира.
Се чини дека Франција сака да се донесе некаква разолуција, но не е сигурно до каде е подготвена да оди со спротивставувањето на САД. Мислам дека Русија би можела да ги поддржи Палестинците, па и Кина, но не е јасно како Британија ќе се однесува.

Аналитичарот во Советот за надворешни работи и поранешен висок функционер во кабинетите на американските претседатели Роналд Реган и Џорџ Буш, Елиот Абрамс, смета дека палестинското барање е еден вид тест за сите.

„Прашањето тука е, дали ќе ги добијат големите демократии? Тоа е прашањето. САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, ЕУ - за нив станува збор. Ако освојат мнозинство, но ги изгубат најпрестижните демократски земји, тоа на одреден начин, ќе биде пораз за нив.“
Американскиот претседател Барак Обама

Досега, голем дел од западниот блок не даде знак во кој правец ќе се движи оваа работа. Претставникот за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, внимателно одбегнува да одговори на кого Унијатa ќе му ја дaде поддршката - на Палестинците или на Изралците.

Професорот на Арпаските судии на Универзитетот Колумбија, Рашид Калиди, вака ја опишува својат прогноза за исходот.

„Се чини дека Франција сака да се донесе некаква разолуција, но не е сигурно до каде е подготвена да оди со спротивставувањето на САД. Мислам дека Русија би можела да ги поддржи Палестинците, па и Кина, но не е јасно како Британија ќе се однесува.“

Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Виталиј Чурков, веќе изјави дека Русија ќе гласа во корист на палестинското барање, какво и да е.

Некои европски дипломати ги брифираа медиумите дека клучните членки на Европската унија се надеваат дека ќе успеат да го избегнат моментот на бирање на кого да му ја дадат поддршката со алтернативна нацрт-резолуција, односно да се вметнат дел од прашањата на Палестинците во израелско-палестинските мировни процеси.

Станува збор за некои работи за кои Израел не сака да слушне, како што е размена на територии во границите во кои постоела палестинската држава пред 6-дневната војна во 1967 година или делење на Ерусалим како главен град.

Американскиот претседател, Барак Обама, пак, ја поддржува идејата во иднина палестинската држава да се простира во границите од 1967-ма, но ја поддржува и израелската потреба за безбедност.
Останува отворено прашањето дали Палестинците ќе се согласат да ја заменат својата државност со рамка за мировни преговори. Но во најмала рака кажано, Европа се надева дека со својот предлог ќе може да помогне да се намали изливот на гнев и насилство.

Палестинците може да изгираат и на друг начин. Еден од начините е да бараат на Генералното Собрание да бидат признаени како држава, но не и како полноправна членка во Обединетите нации.

Друг начин на кој што можат да пријдат Палестинците е да барат статус на земја која не е членка во ОН, но е набљудувач, слично на статусот на Ватикан, со што ќе се стекнат со право да склучуваат одредени меѓународни договори и да се приклучат кон Меѓународниот кривичен суд каде што би можеле да покренат судски спор против Израел за воени злосторства.

На палестинското барање за независност неколку пати досега реагираше Израел, заканувајќи се дека доколку добијат поддршка може да има „остри и тешки последици“, не прецизирајќи за какви последици станува збор.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG