Достапни линкови

Ахмети им честита на кошаркарите за постигнатите резултати


Претседателот на ДУИ Али Ахмети упати честитки до кошаркарите на репрезентацијата на Македонија за постигнатиот успех на Европското првенство во Литванија. Во соопштението е наведено дека успешните резултати и победите на репрезентацијата на Македонија истовремено придонесуваат во инспирирање на младината на земјава за да ги следи чекорите на искрен ангажман и работа кон успехот. Ахмети смета дека спортистите се најдобрите амбасадори на една земја и кошаркарите на Македонија тоа го докажуваат на најдобар начин.
XS
SM
MD
LG