Достапни линкови

logo-print

Германскиот „Сименс“ се повлекува од нуклеарната индустрија


Германскиот индистриски гигант „Сименс“ денеска соопшти дека се повлекува од нуклеарната индустрија и дека нема повеќе да учествува во изградба на нуклеарни централи. Извршниот директот Питер Лошер во интервју за весникот „Шпигел“ изјави дека со овој потег одговара на јасната позиција на германското општество и политика за повлекување од нуклеарната индустрија. Тој додаде дека компанијта ќе се повлече и од долго најавуваните и планирани заеднички инвестирања со руски фирми за изградба на нуклеарни централи. Но истакна дека „Сименс“ ќе продолжи со изработка на компонентите како што се парни турбини кои се користат во конвенционалните и во нуклеарните централи.
XS
SM
MD
LG