Достапни линкови

Стефановиќ: Разговорите за административните премини мора да почнат


Шефот на белградскиот тим за преговори со Приштина Борислав Стeфановиќ денеска изјави дека разговорите за административните премини во Северно Косово мора да почнат што е можно побрзо. Тој додаде дека е сигурен оти тешко ќе се дојде до договор доколку почнат разговорите затоа што тоа е комплексно прашање. Стефановиќ истакна дека очекува Брисел наскоро да одговори на белградскиот предлог-решение за новонастаната криза.
XS
SM
MD
LG