Достапни линкови

Промоција на книгата „Св. Јован Владимир“


Промоција на книгата „Св.Јован Владимир“ во Охрид.

Промоција на книгата „Св.Јован Владимир“ во Охрид.

Објавена книгата „Свети Јован Владимир“ од познатиот охридски хирург, истражувач и писател Миле Мичуновиќ.

Колкумина од нас ја знаат приказната и ако има само една, вистината за Црногорскиот-кнез Јован Владимир и Македонската принцеза Косара, керќата на царот Самоил, што се сметаат за претходници на прославената љубов меѓу Ромео и Јулиа? Каде е точно убиен славниот Дуклеански кнез, дали според најновите научни сознанија во Охрид, или како што се мислеше, во Преспа, каде е закопан и каде се неговите мошти и зошто има голем култ за оваа историска личност и светец од различните религии во Црна Гора, Албанија, Србија, Грција и Македонија, особено Охрид? Одговори на овие прашања и некои нови непознати научни сознанија, за прв пат се објавени во најновата книга "Свети Јован Владимир" од познатиот охридски хирург, истражувач и писател Миле Мичуновиќ.
Особено е интересна судбината на Јован Владимир и неговото подмолно убиство. За тоа со точност не се знае каде било, дали во Преспа или во црквата Челница во стариот дел на Охрид во месноста Месокастро

„Особено е интересна судбината на Јован Владимир и неговото подмолно убиство. За тоа со точност не се знае каде било, дали во Преспа или во црквата Челница во стариот дел на Охрид во месноста Месокастро. Но, сепак поверојатен е податокот дека тој е донесен од Челница во Белград, град источно од селото Песочан, Охридско, уништен кон 12-тиот век, што како новина го носи оваа книга, отколку од Преспа да го однесле дури во Краина. Таа судбина е вткаена и во народната меморија и сваќање, според кое околу маалската црква Челница, одтогаш, нема погребување, во неа нема крштевање, ниту венчавање“, вели доктор Стојан Ристевски, рецензент и промотор на книгата
Црквата Свети Богородица Челница во Охрид

Материјалот за книгата, заедно со авторот го истражувале во Македонија, Албанија и Црна Гора. Според вториот резензент и промотор историчарот на уметност во Охридскиот музеј Гоце Жура, се работи за уникатна книга со ретка документација на Балканските простори.

„Можам да кажам за онаа икона што ја откривме неодамна, кога во охридската црква Света Богородица Перивлепта, ја најдовме иконата Воскресение Христово, во чиј долен дел има четири - пет насликани ликови. Таму видовме, дека Свети Јован е сигниран како Охридски. Со тоа се потврдува фактот дека Свети Јовн Владимир навистина нешто го поврзува со Охрид и дека тој бил во Охид“, вели Жура.
„Не случајно сум избран, а сепак сум избран за оваа работа, и затоа верувам во Бога и во Дуклеанскиот светец

Авторот Миле Мичуновиќ, кој до сега има објавено неколку десеттици книги и трудови, има интересна приказна поврзана со откритието на ликот на Свети Јован Владимир.
Миле Мичуновиќ, автор на книгата

„Не случајно сум избран, а сепак сум избран за оваа работа, и затоа верувам во Бога и во Дуклеанскиот светец. Тргнав во Тирана за да прегледам пациенти, но кога дојдов таму, нив ги немаше, што за мене беше знак дека Јован Владимир ги спречил да дојдат, за да одам да ги видам неговите мошти. Отидов во соборната црква, каде свештеното лице прво ми рече дека таму нема мошти. Но, јас бев упорен, отидов кај владиката и после извесно натегнување, кога му кажав дека сум лекар, избран за тоа, тој ми ги покажа моштите, што е реткост и откако ги допрев, тргна целата приказна. Тоа не се опишува со зборови, тоа треба човек да го почувствува, јас го осетив, како да ме допре душата на Јован Владимир, тоа беше посебен специфичен момент, и оттогаш почна се... Потоа каде што тргнав на истражување, секаде пред мене се отвораа вратите“, вели Мичуновиќ.

Тој само за четири месеци ја напишал книгата, која е двојазична на македонски и англиски и освен за научната јавност, интересна за граѓаните, верниците и туристите во Охрид.
XS
SM
MD
LG