Достапни линкови

logo-print

Европски стандарди за домашните музеи


Спомен куќата на Стив Наумов во Битола - пример за лошата состојба на македонските музејски вредности.

Спомен куќата на Стив Наумов во Битола - пример за лошата состојба на македонските музејски вредности.

Според експертите, неопходна е примена на европските стандарди низ македонските музеи и поиновативни пристапи во презентација на културното наследство.

Неопходна е примена на европските стандарди низ македонските музеи и поиновативни пристапи во презентација на културното наследство. Ова е заклучокот од советувањето на македонските музејски работници кое деновиве се одржа во Битола.
Она што го поседуваме во нашите депоа, во моментот кога ќе го извадеме да го презентираме, просторите каде тоа ќе се изложува треба да бидат по сите европски стандарди. Почнувајќи од микроклимата, безбедноста и друго

Захаринка Алексоска Бачева, претседател на Македонскиот комитет кој е член на Европскиот совет на музеи вели:

„Она што го поседуваме во нашите депоа, во моментот кога ќе го извадеме да го презентираме, просторите каде тоа ќе се изложува треба да бидат по сите европски стандарди. Почнувајќи од микроклимата, безбедноста и друго. Ние имаме тука доста слабости во тој поглед. Има некои музеи каде до некаде тие стандарди се почитуваат, но во принцип мислам дека се уште не ги задоволуваат тие барани светски критериуми.“
Ние имаме многу богатства, а во светот има музеи со многу малку материјал, но се обрнува многу повеќе внимание во делот на маркетинг.

Музеите во светот користат нови технологии за презентација на културното богатство. Попровокативни изложбени салони, интеракција со публиката, возбудливи приказни за експонатите. Но, колку ние сме иновативни?

„Јас не би кажала дека сме многу иновативни. Недоволно ги користиме можностите. Ние имаме многу богатства, а во светот има музеи со многу малку материјал, но се обрнува многу повеќе внимание во делот на маркетинг, популаризација на тоа богатство. Тоа зависи индивидуално од раководниот кадар, секогаш не треба да се очекува дека државата и буџетот се тие кои мораат сите наши барања да ги задоволат“, додава Алексоска Бачева.

Според неа, во организирањето на музеолошката дејност треба да се огледаме на позитивните искуствата од Хрватска и Словенија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG