Достапни линкови

Египет се подготвува за избори


Египетската изборна комисија предлага парламентaрните избори да се оддржат во период од крајот на ноември до почетокот на март, јавува државната телевизија. Изборите за парламентрците во Долниот дом треба да се оддржат во првата половина од предложеното тримесечие а веднаш потоа да се гласа за Горниот Дом во Парламентот. Новата египетска власт треба да го ратификува договорот за избори до крајот на овој месец а воедно и да одлучи на кои датуми ќе се оддржат изборите. Властите најавија дека по парламентарните избори ќе следуваат и претседателски.
XS
SM
MD
LG