Достапни линкови

logo-print

Косово не сака да преговара за премините со Србија


Шефот на косовскиот тим во дијалогот со Белград, Едита Тахири со нејзиниот српски колега Борислав Стефановиќ

Шефот на косовскиот тим во дијалогот со Белград, Едита Тахири со нејзиниот српски колега Борислав Стефановиќ

Косовските власти го одбија предлогот на Белград за дијалог за регулирање на функционирањето на премините Јариње и Брњак.Шефот на косовскиот тим во дијалогот со Белград, Едита Тахири изјави за Коха диторе дека функционирањето на премиените е внатрешна работа на Косово. Таа ги повика официјалните лица во Белград да го почитуваат договорот за царински печати постигнат на 2 септември во Брисел и да не трошат време во барање дијалог за функционирање на граничните премини.
XS
SM
MD
LG