Достапни линкови

Груевски нема да се сретне со Папандреу во Њујорк


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу нема да присуствува на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Грчката влада соопшти дека премиерот го откажал патувањето и предвидените средби поради влошувањето на економската криза во земјата и денеска треба да се врати од Лондон во Атина. Според претходните најави Папндреу требаше да присуствува на Генералното Собрание и на годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд.
Грција сега се соочува со прашања дали ги завршила до крај задалите кои се услов за да добие 8 милијарди евра помош за да излезе од кризата.
XS
SM
MD
LG