Достапни линкови

САД и Пакистан во обид да ги подобрат односите


Американското министерство за одбрана соопшти дека воени официјални претставници на САД и Пакистан одржале разговори за подобрување на односите меѓу двете земји по убиството на Осама Бин Ладен. Потпаролот на Пентагон соопшти дека шефот на американскиот Генералштаб Мајк Мулен и неговиот пакистански колега Ашфаг Кајани разговарале на маргините на состанокот на НАТО во Шпанија. Ова е прва средба по мајската операцијата што ја спроведоа американските безбедносни сили при која загина Осама Бин Ладен . Односите дополнително се влошија и по вчерашната изјава на американскиот амбасадор во Пакистан Камерон Мунтер кој рече дека постојат докази со кои се докажува дека терористичката мрежа Хагани за која се смета дека е одговорна за нападите врз американскта амбасада и седиштетот на НАТО во Кабул е поврзана со владата во Исламабад.
XS
SM
MD
LG