Достапни линкови

Папандреу нема да присуствува на Генералното Собрание на ОН?


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ја откажал посетата на САД поради сериозноста на финаниската криза во земјата, јавуваат грчките медиуми. Државната телевизија повикувајќи се на владини извори известува дека Папандреу кој сега е во посета на Лондон по консултации со министерот за финасии Евангелос Венизелос одлучил да се врати утре во Грција. Новинската агенција Асошиетед Прес јави дека претставниците на грчката влада не биле достапни за да ја потврди информацијата. Претходно беше најавено дека Папандреу в понеделник ќе присуствува на Генералното Собрание на ОН а потоа и на годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд.
XS
SM
MD
LG