Достапни линкови

Косово се закани со нови забрани за увоз од Србија


Косово, граничен премин Брњак

Косово, граничен премин Брњак

Вицепремиерката и министерка за трговија во Косово Мимоза Кусари Лила изјави денеска дека Приштина повторно ќе го воведе системот на реципроцитет доколку Белград од понеделник не почне да го спороведува договорот за царинските печати. Ваквата забелешка на министерката следува по вчерашните извештаи дека српската царина не им дозволила на камионите со производи од Косово да влезат во Србија. Системот на реципроцитет Косово го воведе на 20 јули поради српската блокада за косовските производи. По потпишувањето на договорот на 2 септември во Брисел Косово ги укина сите забрани.
XS
SM
MD
LG