Достапни линкови

НАТО ќе ги испита наводите за цивилните жртви во Сирт


НАТО соопшти дека ќе ги провери наводите кои ги изнесе потпаролот на Моамер Гадафи за цивилни жртви при нападите врз Сирт. Потпаролот на НАТО Роланд Лавоие изјави дека и во минатото постоеле вакви обвинувања но често се покажале како неосновани.Тој додаде дека НАТО при сите напади што ги врши прави детална проценка на штетата, а со тоа лесно ќе може да се докаже дали се точни обвинувањата.
Потпаролот на Гадафи ја обвини Алијансата дека при нејзините напади на Сирт загинале 345 цивили.
Лавоие изјави дека цели на нападите биле воени објекти кои преставувале закана за населението во Сирт.
XS
SM
MD
LG