Достапни линкови

Белорусија си доби кредит од Кина


Белорускиот парламент соопшти дека земјата добила кредит од Кина во вредност од милијарда долари и грант од 11 милиони долари. Во соопштението е наведено дека Белорисија склучила договори со Кина за изградба на фабрика за хартија, подобрување на сателитски комуникаци и хотел во Минск. Белорусија е зафатена со најлошата економска криза досега. Владата аплицираше и во Меѓународниот монетарен фонд за кредит од 8 милијарди долари, но ММФ во замена за кредитот побара да се спроведат реформи.
XS
SM
MD
LG