Достапни линкови

logo-print

Стефановиќ: Тачи го злоупотребува договорот


Косово, граничен премин Брњак

Косово, граничен премин Брњак

Шефот на преговарачкиот тим на Белград Борислав Стефановиќ денеска изјави дека косовскиот премиер Хашим Тачи и дел од меѓународната заедница се обидуваат да го применат договорот „како што им одговара“. Тој додаде дека во договорот станува збор само за печатите и документацијата но не и за граничните премини. Стефановиќ смета дека решение може да се најде преку дијалог но не и со поставување на косовски цариници на премините. Тој истакна дека Тачи го злоупотребува договорот затоа што има потреба преку институциите да воспостеви суверенитет без оглед дали тоа воопшто ќе функционира или не.
XS
SM
MD
LG