Достапни линкови

Повторно насилство во Брегот на Слоновата Коска


Министертвото за одбрана од Брегот на Слоновата Коска соопшти дека вооружени лица од соседната Либерија извршиле напади врз неколку села долж границата при што загинале над 15 луѓе. Во соопштението е наведено дека нападите започнале во четвртокот вечерта. Организацијата Хјуманс Рајтс воч соопшти дека сличен слујач е регистриран и во јули годинава во кој тогаш загинале околу 10 луѓе. Регионот се уште е подложен на насилтво по политичката криза која го зафати со претседателските избори. Поранешниот претседател Лаурент Гбагбо не сакаше да ја отстапи власта по поразот на изборите по што следуваа неколку месеци со насилтво при кои загинаа неколку илјади луѓе. Гбагбо во април го уапсија безбедносните сили поддржувачи на новиот претседтале Аласан Куатара.
XS
SM
MD
LG