Достапни линкови

logo-print

Украина:„Неморално“ е да се поврзуваат ЕУ интеграциите со судењето на Тимошенко


Украинскиот премиер Микола Азаров денеска изјави дека е „неморално и погрешно“ да се поврзуваат европските интегративни процеси на Украина со судењето на поранешната премиерка Јулија Тимошенко. Забелешките на Азаров следуваат по вчерашниот телефонски разговор на претседателот Виктор Јанукович со германската канцеларка Ангела Меркел, која изразила сериозна загриженост за украинскиот судски систем кој се користи како алат против политичките опоненти. Меркел во разговорот изјавила дека помошта на Европската Унија за Украина ќе зависи од посветеноста на демократијата и владеењето на правото особено во случајот со Тимошенко.
XS
SM
MD
LG