Достапни линкови

Хрватска го доби договорот за зачленување во ЕУ


Полскиот премиер Доналд Туск, како претседавач со Европската Унија, денеска во Загреб, на хрватската премиерка Јадранка Косор, и го врачи договорот за приклучување на Хрватска во Европската Унија. Договорот треба да биде потпишан во декември годинава, а потоа треба да биде ратификуван од сите земји членки, по што Хрватска ќе стане членка на Европската Унија од први јули 2013-та година. Премиерката Косор денеска изјави дека ова е историски среќен ден за сите хрвати.
XS
SM
MD
LG