Достапни линкови

На Косово мирно, но тензично и со блокади на патиштата


Изминатата ноќ на Косово поминала мирно, но сите патни правци кон северниот дел и натаму се блокирани. Локалните срби не им дозволуваат поминување на КФОР, ЕУЛЕКС и на албанските полицајци и цариници. Србите се противат на превземањето на граничните премини Брњак и Јариње од страна на косовските власти. Американскиот Стејт Департмент изрази загриженост од новите тензии на Косово и ги повика сите страни на воздржаност. Стејт Департментот ги поздрави напорите на КФОР и на ЕУЛЕКС за слободно движење на луѓе и стоки, оценувајки дека блокадите на патиштата го загрозуваат секојдневниот живот на луѓето и на Косово и во Србија.
XS
SM
MD
LG