Достапни линкови

logo-print

Продолжува министерскиот состанок во Вроцлав за кризата во евро-зоната


Poland -- Eurozone chief Jean-Claude Juncker attends an informal meeting of the Economic and Financial Affairs Council (ECOFIN) in Wroclaw, 16Sep2011

Poland -- Eurozone chief Jean-Claude Juncker attends an informal meeting of the Economic and Financial Affairs Council (ECOFIN) in Wroclaw, 16Sep2011

Министрите за финансии на Европската Унија денеска во Вроцлав, Полска, го продолжија состанокот за финансиската криза во евро-зоната. Вчера, американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер, кој исто така е во Врцлав, ги повика европските политичари на единство и да одвојат повеќе пари во фондовите за помош за подобро да се справат со должничката криза. Неговите европски колеги биле воздржани на сугестиите на Гајтнер. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека издвојувањето повеќе пари за справување со кризата нема да биде поздравено од дночните обврзници. Министрите, до октомври ја одложија одлуката за тоа дали да и се даде на Грција наредната транша од 8 милијарди евра, бидејки има сомневања дека Грција не прави доволно за да го намали буџетскиот дефицит. Инаку, денеска во Врцлав, десетици илјади луѓе протестираат против мерките за штетење во повеќе земји на ЕУ.
XS
SM
MD
LG