Достапни линкови

Македонија ќе се бори за бронза


Навивачката група Сити Парк Бојс направи графит со ликот на селекторот Марин Докузовски во Скопје. Под водство на Докузовски, македонските кошаркари го постигнаа најголемиот успех во историјата.

Навивачката група Сити Парк Бојс направи графит со ликот на селекторот Марин Докузовски во Скопје. Под водство на Докузовски, македонските кошаркари го постигнаа најголемиот успех во историјата.

Македонските кошаркари во недела ќе се борат за бронзениот медал со Русија.

Македонските кошаркари загубија од фаворизираната репрезентација на Шпанија со 92 : 80 во полуфиналето на ЕП во Литванија. Македонија, в недела во 16:30ч. ќе се бори за бронзениот медал со Русија, која загуби на вечерашниот полуфинален дуел со Франција.

Победникот, Франција во недела ќе се бори за златото со Шпанија.

И покрај одличната игра, македонската одбрана немаше решение за разиграниот Хуан Карлос Наваро, кој го заврши мечот со 35 поени. НБА ѕвездата По Гасол даде 22 коша.

Во македонската репрезентација најефикасен повторно беше Лестер Бо Мекејлеб со 25 поени. Одлична партија пружи и Перо Антиќ со 17 поени и 9 скокови. Влатко Илиевски уфрли 15, а Предраг Самарџиски 12 поени.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG