Достапни линкови

logo-print

На Хрватска утре ќе и биде врачен пристапниот договор


Хрватската премиерка Јадранка Косор најави доаѓање на премиерот на Полска Доналд Туск кој утре ќе врачи примерок од нацрт пристапен договор за Хрватска и ЕУ што ќе значи завршница на патот на Хрватска која од 1 јули 2013 година ќе биде членка на ЕУ.
Хрватска формално ги заврши преговорите на 30 јули оваа година. Откако ќе го усвои ЕП, договорот ќе го потпишат членките на ЕУ во почетокот на декември по што Хрватска во рок од 30 дена мора да распише референдум и потоа следи ратификување на договорот во државите-челнки.
XS
SM
MD
LG